SID2017
Кампања за побезбеден Интернет 2017

Клучни пораки

Денот на безбеден Интернет се организира од Insafe/INHOPE мрежата, со поддршка на Европската комисија, секој февруари за да промовира безбеден Интернет како и искористување на дигиралната технологија за постигнување на позитивни цели, особено кај децата и младите. Се обележува вториот ден на втората седмица на вториот месец во годината. На овој ден илјадници луѓе од целиот свет се собираат за да ја зголемат свеста за проблемите кои може да настанат при користење на Интернет и со тоа учествуваат на разни настани и активности кој го промовираат неговото правилно користење.

Рамката за онлајн безбедност еволуира последните неколку години од создавање на ,,побезбеден" Интернет, во креирање на ,,подобар" Интернет. Без разлика дали сме деца или млади луѓе, родители или негуватели, обучувачи или социјални работници, или дел од индустријата, донесувачи на одлуки или политичари, ние може да бидеме промената и да се здружиме за да создадеме ,,подобар" Интернет.

При таквото залагање за подобар Интернет, целта е да се охрабрат луѓетп за да бидат промената и да направат колку што можат повеќе за да се создадат позитивни можности кои се понудени онлајн, овозможувајќи им отпорност, способности, знаење и поддршка која им е потреба за да надминат било какви ризици со кои може да се соочат.

dashboard

Постојат повеќе начини со кои
ние можеме да бидеме промената

Децата и младите

може да помогнат да се создаде подобар Интернет со тоа што ќе бидат културни и учтливи кон останатите корисници на Интернетот, со заштита на нивната онлајн репутација ( и репутацијата на другите), барајќи позитивни можности за создавање, вклучување и споделување онлајн. Тие можат да помогнат со тоа што ќе бидат корисни минувачи со давање на поддршка на нивнтие врсници ако наидат на било какви проблеми онлајн, да го застанат во одбрана на жртвите во таканареченото тормозење преку Интернет, или преку пријавување на несоодветни односно нелегални содржини кои ја откриле. Над се, децата и младите луѓе може да се охрабрат да дадат свој став на оваа тема како идни граѓани - да учествуваат во дебати за иднината на Интернетот и да направат нивниот глас да се слушне

Индустријата

може да учестува во креирањето на подобар Интернет со креирање и промовирање на позитивна содржина и безбедни сервиси онлајн кои ќе овозможат корисниците да добијат одговор во форма на совет и да одговорат на било кое прашање поврзано со безбедноста на Интернетот. Исто така, тие можат да овозможат алатки со кои ќе се олесни и потпомогне заштитата на корисниците на Интернет.

dashboard

Родители и негуватели

може да помогнат во создавањето на подобар Интернет со одржување на отворен и искрен дијалог со нивните деца за нивната онлајн активност, со нивна поддршка и учество во личниот онлајн развој и со помагање при донесување на одлуки или решавање на проблеми, изнаоѓање на позитивни искуства за вклучување на нивните деца онлајн и нивно помагање при наоѓање на дигитални содржини со добар квалитет. Тие може да помогнат да пружат отпор и да овозможат нивните деца да бидат добро информарани преку моделирање на позитивно онлајн однесување како и преку репортирање на несоодветни или нелегални содржини кои ги наоѓаат.

Едукатори и социјални работници

може да помогнат при создавање на подобар Интернет со опремување на децата и младите луѓе со дигитална писменост и искуства кои им се потребни во модерниот свет, овомозжувајќи им да користат и да создаваат позивитни содржини онлајн. Тие може да помогнат да се спротивстават на негативните работи со поддршка на младите луѓе ако наидат на проблем онлајн, со тоа што ќе им помогнат да пружат отпор и можности кои им се потребни за да овозможат безбеден Интернет во иднина.

Носители на одлуки и политичари

можат да овозможат култура во која сите горенаведени работи може да функционираат и напредуваат. На пример, со обезбедување на можности во наставната програма за децата да научат за онлајн безбедност, овозможување на родителите и негувателите да пристапат до соодветни информации и извори за поддршка со тоа што индустријата ќе има можности да ги регулира содржините и сервисите кои ги нуди. Исто така, тие имајќи го во свои раце во управувањето и законодавството, мора да гарантираат безбедност и благосостојба на децата и младите луѓе преку стратегии за заштита на децата во онлајн светот.

Се надеваме ќе ни се придружите

заедно со поддржувачите на Безбедниот интернет низ целиот свет, во вторник на 7 февруари 2017 за да бидеме промената и да се здружиме за подобар Интернет!

Safer Internet Day
would not be possible without the support of the European Commission. Currently the funding is provided by the Connecting Europe Facility programme (CEF). Find out more about the EC’s ‘European Strategy for a Better Internet for Children’ on the Digital Agenda website.